Спектакуларен гол на Модриќ, 15 минути за Миовски, Реал Мадрид ја реши Џирона (ВИДЕО)

Реал Мадрид се врати на втората позиција во Ла Лига откако во 25. коло триумфираше со 2-0 против екипата на Џирона.

„Кралевите“ до предност дојдоа благодарение на капитенот Лука Модриќ кој уште еднаш потврди дека неговата класа е вечна.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во игра кај Џирона влезе во 75. минута, но не успеа да се најде во ситуација да му помогне на својот тим да го избегне поразот.

Реал Мадрид до конечните 2-0 дојде со голот на Винисиус во 83. минута по брзиот контранапад и асистенцијата на Мбапе.

Се вчитува...