Ливерпул игра феноменално прво полувреме во 27. коло од Премиерлигата, држејќи вистинска фудбалска лекција на актуелниот шампион Манчестер сити.
„Црвените“ имаат предност од 0-2 по првите 45 минути, благодарение на двоецот Салах – Собослаи.
Уште во 14. минута Собослаи, во мајсторски одработена акција, асистираше на Мохамед Салах за водство од 0-1.
А, во 37. минута Салах ја возврати претходната услуга на Унгарецот. Сега асистираше за гол на Собослаи за водство и од 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

