Ливерпул е најмалку едно ниво над Манчестер сити сезонава во Премиерлигата па без никакви проблеми дојде до, се чини, рутинска победа од 0-2 на „Етихад“ во 27. коло од Премиерлигата.
Благодарение на одлично одиграното прво полувреме, „црвените“ предноста од 0-2 си ја обезбедија уште во првите 45 минути, благодарение на двоецот Салах – Собослаи.
А, во 37. минута Салах ја возврати претходната услуга на Унгарецот. Сега асистираше за гол на Собослаи за водство и од 0-2.
Во второто полувреме Ливерпул повторно беше подоминантен тим на теренот, но ВАР го спаси Манчестер сити и од поубедлив пораз. На крај само за рутински одработена задача за составот на Арне Слот кој цврсто чекори кон шампионската титула сезонава, со во моментов 11 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

