Враќањето во Бразил се покажа како вистински потег за Нејмар, откако фудбалскиот генијалец конечно ги остави зад себе бројните проблеми со повреди и им се врати на мајсториите на теренот.
Тој имаше три гола и две асистенции во досегашниот дел од сезоната за Сантош, за синоќа да блесне во сиот свој сјај на дуелот со Интер де Лимеира. Сантош славеше со 3-0, а големиот ас имаше две асистенции и еден гол, и тоа каков – директно од корнер.
Нејмар најпрвин ги провоцираше противничките навивачи погласно да го исвиркуваат, а откако даде гол со вистинско ремек-дел, седна пред нив додека соиграчите еуфорично го прославуваа неговиот еврогол.
Погледнете како изгледаше најновата мајсторија на Нејмар…
– Fans boo Neymar
– Neymar tells them to be louder
– Neymar then scores directly from the cornerGÊNIO!!!!!!!!! 🥶 pic.twitter.com/DantZQeKEK
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) February 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

