Доаѓањето на Сер Џим Ратклиф како ко-сопственик на Манчестер Јунајтед требаше да донесе враќање на врвот на англискиот фудбал по ерата на семејството Глејзер кое беше жестоко критикувано од страна на навивачите.
Ратклиф најавуваше се и сешто при доаѓањето, но британскиот милијардер не само што не успеа да го крене тимот од резултатски план, туку експресно почна со кратење на трошоците во најтрофејниот англиски клуб.
Тој веќе отпушти над 250 лица вработени во администрацијата, го укина финансирањето на хуманитарната организација кој им помагаше на поранешните фудбалери на Јунајтед, ги крена цените на сезонските билети, ја укина традиционалната божиќна забава во клубот, а сега на ред дојде – кантината во клупскиот тренинг центар Карингтон.
Последната наредба од управата е да се лимитира храната во ресторанот во Карингтон, за сите освен за првотимците на Јунајтед. Ова практично значи дека младите фудбалери, но и тренерите и аналитичарите во клубот ќе можат да јадат само супа и сендвичи, наместо целото мени што беше на располагање како досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

