Во дебатата за најдобар играч за врска неизбежно е да се споменат имињата на Лука Модриќ и Андреас Иниеста. За тоа кој е подобар, легендата на Реал Мадрид или пак легендата на Барселона има поделено мислење кои се чини дека беше решено со една објава на социјалните мрежи.
На мрежата „Х“ (поранешен Твитер) се појави фотографија насловена „брутелен крај на дебатата Иниеста против Модриќ“ од последните натпревари на Хрватот и Шпанецот. Модриќ имаше МВП натпревар против Џирона на 39-годишна возраст, а веќе пенизонираниот Иниеста одигра ревлијален натпревар со стримери, глумци и инфлуенсери.
Most brutal end to Iniesta Modric debate pic.twitter.com/J8b3kgDrjF
— fan (@NoodleHairCR7) February 23, 2025
Модриќ и Иниеста се запишани во историјата како најтрофејните фудбалери во историјата на Реал Мадрид, но и во хрватскиот и шпанскиот фудбал. Хрватот има 28 трофеи со мадридскиот тим, додека Шпанецот вкупно 35 од кои и еден златен медал на Светското првенство и два златни медали на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

