Зеќири: Ако продолжиме со вакви игри, пред нашата репрезентација е светла иднина

Лејсон Зеќири одигра одличен натпревар за Македонија, постигнувајќи 14 поени, седум скокови и четири асистенции, но и давајќи огромен придонес во играта во одбрана.

Со она што го прикажа вечерва, крилниот центар се наметна како сериозна опција и за во иднина, а на прес-конференцијата по мечот не го криеше задоволството од прикажаната игра против Полска.

„Селекторот ни даде доверба на сите, веруваше во нас, сите бевме тука едни за други и сето тоа придонесе да се случи она што се случи на теренот – со колективна игра стигнавме до заслужена победа. Пресреќен сум за моите бројки, покажав дека можам да играм за оваа репрезентација, да дадам свој придонес за една голема победа. Верувам дека ако продолжиме со вакви игри пред нашата репрезентација е светла иднина“, изјави Зеќири.

Се вчитува...