Голем гест на Димитријевиќ: Го подари дресот и донесе радост на две дечиња

Ненад Димитријевиќ е кошаркарски „ѕвер“, но одличниот плејмејкер вечерва покажа и големо срце, носејќи радост на две мали дечиња кои се најдоа на трибините на СРЦ „Кале“.

Уште на почетокот на мечот беше видлив транспарентот на кој пишуваше: Нено, те молам, може ли дресот.

Нашиот најдобар кошаркар веднаш по натпреварот не заборави на своите млади фанови, најпрвин се фотографираше со нив, а потоа го подари дресот на нивниот татко, кој не го криеше воодушевувањето од гестот на асот на Олимпија Милано.

Се вчитува...