„Златната“ Алексовска се искачи во Топ 3 на светската ранг-листа

Одличниот резултат што македонската репрезентативка во ММА Даниела Алексовска го оствари на ЕП во Белград, со освоеното злато во категоријата до 52,2 килограми, придонесе Македонката да оствари огромен скок и во најновата рангирање на Меѓународната ММА федерација (ИММАФ).

Рангирањето беше апдејтирано по завршувањето на јуниорското ЕП во Белград, каде Алексовска по освоеното прво место скокна дури на третата позиција во светски рамки, во својата категорија и во својата возрасна граница.

Златото во Белград и донесе голем број на бодови со кои Алексовска остави зад себе бројни конкурентки и се најде во Топ 3 во категоријата до 52,5 килограми.

Даниела минатата година настапи на девет борби на кои има осум победи, а покрај златото во Белград стигна и до бронзен медал на СП што се одржа во Ташкент. Нејзината боречка основа е бразилска џиу-џица (БЏЏ), каде што има освоено 120 медали, од кои 93 се златни. Таа е 12-кратен национален и балкански шампион во овој спорт.

Се вчитува...