Кевин де Брујне донел одлука: Го напушта Манчестер сити и оди во САД!

Еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, Кевин де Брујне и дефинитивно донел одлука да го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната, пренесува „Скај Спорт“.

33-годишниот Белгиец по цели десет години во Сити, сега одбил да го продолжи договорот со клубот, откако и Пеп Гвардиола јасно најави дека од следната сезона планира сериозно подмладување на тимот.

Според последните информации се верува дека кариерата ќе ја продолжи во Сан Диего новиот клуб во МЛС лигата, кој му нуди статус на ѕвезда и улога на клучен играч во првата сезона во МЛС.

Де Брујне одигра 409 натпревари за Сити, постигна 105 голови и забележа 173 асистенции. Со клубот освои шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, пет Лига купа а во 2023 година ја освои и Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...