Спалети: Киеза не успеа во Англија, не е константен и нема дефанзива

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Федерико Киеза, доби доста негативни сигнали од селекторот на Италија, Лучијано Спалети за неговата иднина во националниот тим. Специјалистот го опиша престојот на поранешниот играч на Јувентус во Англија како „неуспех“, а со тоа навести дека повторно нема да го вклучи во продолжениот состав за квалификациите во март.

Киеза има само 10 настапи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, и само 25 минути во Премиерлигата. Долго време се мачеше со повредите, а веројатно на крајот на сезоната ќе се врати во Серија „А“, и тоа во некои во клубовите од долниот дел на табелата.
„За жал тој не успеа во Антлија. Одигра само 25 минути. Треба да биде поконстантен и повеќе да работи дефанзива“, рече Спалети.

Се вчитува...