Атомски фудбал во Барселона: Атлетико во 6. минута имаше 0-2, а на полувреме замина со негатива! (ВИДЕО)

Неверојатен фудбал се игра на „Монжуик“ во Барселона, каде домашниот тим оди со предност од 3-2. Но, не изгледаше се така „розово“ за Каталонците после пет минути игра кога Атлетико имаше 0-2.

Уште во 47. секунда Алварез го донесе Атлетико во предност, а во 6. минута Гризман уште еднаш ги „смрзна“ домашните навивачи.

Сепак, како што Барселона успеа да отиде во негатива, така и израмни – со два брзи гола. Педри во 19. минута најпрво намали, а потоа Кубарси само две минути подоцна успеа да израмни.

За целосен пресврт се погрижи Ињиго Маргинез кој во 41. минута успеа да стрела во мрежата на Мусо и на полувреме Барселона замина со водство, па дури пропушти и две шанси да замине на полувреме и со два гола предност.

Се вчитува...