Со три гола за само 20 минути, а потоа уште еден во вториот дел, Челси славеше убедлив триумф над последнопласираната екипа на Саутемптон со 4-0 во последниот меч од 27. коло одигран вечерва.
Од 24. до 44. минута „сините“ постигнаа три гола, и тука го решија прашањето околу освојувачот на трите бода. Нкунку прв го начна противникот, а Нето во 36. минута зголеми на 2-0. Колвил пред самиот финиш на првиот дел му донесе на Челси предност од три гола разлика.
Во вториот дел беше рутински, па домашните постигнаа уште еден погодок преку Кукуреља во 78. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

