Спектаклот во Купот на Шпанија заврши со осум голови и без победник (ВИДЕО)

Спектакуларниот натпревар на „Монжук“ во првиот полуфинален меч помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид заврши без победник 4-4, односно ниту еден од двата тима ќе нема предност на реваншот во Мадрид. Двата тима се сменија во водство, најпрво Атлетико водеше 0-2, па Барселона 4-2, за на крај Атлетико да стигне до два гола и да дојде до реми.

Атлетико брзо, за само пет минути дојде до предност од 0-2. Најпрво Аварез во 47. секунда донесе предност, а Гризман во 6. минута зголеми на 0-2. И кога се чинеше дека Барселона тешко ќе се извлече од таа лоша ситуација, следуваше демант за само две минути.

Педри во 19. минута најпрво намали, а потоа Кубарси во 21. минута успеа да израмни. Но, тоа не беше се од Барса во првиот дел, па Мартинез се погрижи за целосен пресврт.

Во вториот дел Барселона пропушти убава шанса да дојде до 4-2 и порано, а тоа му успеа на Левандовски во 74. минута кој донесе 4-2 по убавата асистенција на Јамал.

Атлетико за само десет минути се врати со гол на Љоренте, а потоа четата на Диего Симеоне тргна по израмнување, и успеа преку Сорлот кој во третата минута од судиското надополнување ги шокираше домашните фанови.

Се вчитува...