Откако во оваа сезона нема да дојде до титулата во Премиерлигата, а веќе ја загуби онаа во Лигата на шампионите, Манчестер Сити на лето ќе потроши голема сума на пари во нови играчи. Пеп Гвардиола наводно има сериозни планови идната сезона во враќањето на шампионските патеки во Премиерлигата.
Познатиот стручњак таргетираше две големи имиња како засилувања. Тоа се Флоријан Вирц и Родриго.
Флоријан Вирц наводно е многу блиску до прифаќање на понуда од Етихад. Ќе го искористи тоа што не е приоритет на Реал Мадрид и речиси е сигурно дека ова момче ќе го носи дресот на Граѓаните.
Сити е подготвен да плати до 130 милиони евра за Виртц, но и да го испрати Џејмс Мекати во Баер Леверкузен како дел од зделката.
Втората ѕвезда што ја посакува Гвардиола е играчот на Реал Мадрид, Родриго. Спектакуларна понуда е подготвена, а една веќе е одбиена. Шпанците пишуваат дека огромна сума е на маса и дека Сити не штеди пари за да го доведе човекот кој долго време беше сон на Гвардиола. Затоа Сити е подготвен да издвои повеќе од 150 милиони евра да го добие потписот на крилниот фудбалер. Сепак, од Мадрид најавуваат дека Родриго нема да го напушти „Сантијаго Бернабе“.
Меѓутоа овие две имиња нема да бидат единствените по кои Сити ќе тргне идното лето. Речиси е сигурно дека Пеп ќе ја засилува и одбраната, и тоа со еден квалитетен стопер и еден десен бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

