Кристијано Роналдо ќе му биде газда на Столе Димитриевски во Валенсија!?

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо има намера да купи значителен дел од акциите на Валенсија и со тоа да стане мнозински сопственик  на клубот, пренесува „Фут Меркато“.

Истиот извор додава дека актуелниот сопственик на Валенсија, Питер Лим е подготвен да му го продаде на Роналдо мнозинскиот пакет акции во поранешниот шпански шампион и дека целата трансакција би можела да биде официјализирана до крајот на сезоната.

Се известува дека Роналдо има намера да се врати во Шпанија по завршувањето на играчката кариера во Ал Наср, каде играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, а неговите планови со Валенсија се тесно поврзани со инвестициски фондови од Саудиска Арабија.

Целиот процес околу преселбата на Роналдо во Валенсија треба да го олесни тоа што тој е пријател со Лима, бидејќи сопственикот на овој шпански клуб ги бара правата да го рекламира португалскиот ас.

Доколку се остварат тврдењата дека се приклонуваат кон вистината, Валенсија на крајот би можела од давеничка екипа да стане значаен фактор во шпанскиот фудбал. За Валенсија во моментов брани Столе Димитриевски, и се очекува следната сезона откако Мамрдашвили ќе се пресели во Ливерпул, Македонецот да биде прв голман на овој тим. 

„Лилјаците“ моментално се во зоната за испаѓање со ист број бодови како и Лас Палмас, кој е прв над линијата, а следниот меч ќе го имаат в недела на гостувањето кај Осасуна во Памплона.

Се вчитува...