ВИДЕО: Оштетен ли е Арсими во Струмица за пенал и пласман во полуфинале во Купот!?

Второлигашот Арсими беше на прагот да приреди уште едно изненадување во Купот на Македонија и да ја елиминира струмичка АП Брера во четвртфиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.

Но, на дуелот на стадионот „Благој Истатов“, Арсими беше елиминирам по изведувањето на пеналите со 4-3.

Во регуларниот дел дуелот заврши без победник, 1-1. Сепак, гостите во 79. минута, при резултат 1-1, имаа ситуација можеби уште во регуларниот дел да го решат натпреварот од која очекуваа и бараа удар од белата точка. Крајно сомнителна ситуација по која главниот судија Стојанче Стојанов не само што не досуди удар од белата точка, туку и му додели жолт картон на противничкиот играч за симулирање…

Се вчитува...