Вистинскиот Роналдо му одговори на Кристијано: Ти не си најдобар на сите времиња!

Кристијано Роналдо уште еднаш ја потенцираше самобендисаноста на највисоко ниво, откако по новата добра партија за Ал Наср ја повтори старата изјава – дека е најдобар фудбалер на сите времиња.

„Неважно ми е дали на крајот на кариерата ќе имам 930, 950 гола или колку и да се. Ако стигнат до 1.000 супер, ако не, пак ќе биде сосема во ред. Сепак, бројките не лажат, јас сум најдобар фудбалер во историјата и точка. Можеби ги преферирате Пеле, Меси или Марадона, јас го почитувам тоа, но ќе повторам – јас сум најдобриот и најкомплетниот фудбалер на сите времиња. Не сум видел подобар од мене, добар сум со глава, добар во изведување слободни удар, шутирам опасно и со двете нозе“, тврдеше Кристијано.

Сосема неочекувано, во целата дискусија се вклучи Бразилецот Роналдо, откако легендарниот голгетер јасно стави до знаење дека не се согласува со тврдењата на Португалецот.

„Не сакам да навлегувам во вакви дискусии бидејќи некои луѓе имаат премногу високо мислење за себе. Јас повеќе сакам кога други луѓе зборуваат за мене, отколку да слушам луѓе како се фалат самите себе. Кристијано Роналдо има фантастична приказна, има освоено се, дефинитивно е меѓу најдобрите во историјата. Е сега, не се сложувам дека тој е најдобриот. Му го почитувам мислењето, но за мене тој не е најдобар, би рекол дека е во првите 10 и тоа е тоа. За мене нема сомнеж, Пеле е број 1, Меси и Марадона за него… а потоа следат Зико, Ромарио, Кристијано, Зидан, Ван Бастен, Фиго, Роналдињо. Се појавуваат нови асови кои ќе се приближат на листата, но првите тројца се константни“, изјави Бразилецот Роналдо.

Се вчитува...