Матео Ковачиќ се враќа во Мадрид?

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ престојното лето би можел да ја промени средината и воедно да се врати на добро познато место, пренесуваат англиските медиуми.

Ковачиќ е еден од фудбалерите без кои Манчестер Сити може да ја започне следната сезона и покрај тоа што неговиот договор е со важност до 2027 година. Во најавената смена на генерации ниту „граѓаните“ нема да имаат ништо против да заработат од неговото заминување, за кое голема веројатност е дека ќе биде во Мадрид.

Но, Ковачиќ не би се вратил во редовите на Реал каде настапуваше од 2015 до 2018 година, туку во градскиот ривал Атлетико. Хрватот е голема желба на Диего Симеоне кој е подготвен да издвои 30 милиони евра за негов ангажан.

Триесетгодишникот е и голема желба на Жозе Мурињо кој би сакал да го има во својот Фенербахче, но Ковачиќ цели кон трансфер во елитно првенство.

Се вчитува...