Фабио Канаваро не успева да го извади Динамо Загреб од резултатска криза, а италијанскиот стратег и прописно се посрамоти на синоќешниот дуел од Купот на Хрватска против Осијек.
Не само што неговиот тим загуби со 0-1, туку Канаваро ја утна замената кога реши во игра да го внесе Стефан Ристовски. Македонскиот десен бек влезе на местото на Фрањиќ, но Канаваро беше шокиран кога виде кој играч го напуштил теренот за да влезе нашиот интернационалец.
Тој се обиде да реагира, но бидејќи Ристовски веќе имаше стапнато на теренот замената беше комплетирана и Фрањиќ мораше да го мине остатокот од мечот на клупата за резерви.
AHHAHHAHHAHAHHHAHHHAHHA KRIVOG IZVADILI pic.twitter.com/TkUBr14jZu
— Immobile17 (@Immobile171) February 26, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА