Арсенал загуби нови значајни бодови во битката за премиерлигашката титула откако ремизираше со Нотингем Форест без голови, а ривалот Ливерпул стигна до нов триумф за зголемување на предноста на врвот на табелата на 13 бодови.
Тренерот на лондонскиот тим, Микел Артета не го губи оптимизмот дека неговиот тим ќе се закити со трофеј. Шпанецот не верува дека е загубената битката ниту во Англија, а допрва слеат натпреварите од Лигата на Шампиони.
„Разочарам сум дека не победивме. Доминравме, ништо не им дозволивме. Но, повторно ни фалеше квалитет во завршницата. За нас предизвикот останува ист. Прашање е колку можеме. Истото прашање беше и пред недела, две, три месеци. Денеска загубиме два бода, што е болно, но не се откажуваме од трофеј. Пред нас е Лигата на Шампиони, многу убаво натпреварување“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

