Легендарниот Зденек Земан се бори за живот по доживеан мозочен удар

Легендарниот чешки тренер Зденек Земан се бори за живот, по доживеан мозочен удар, пренесуваат италијанските медиуми.

Земан, како што пренесуваат Италијанците, утрово е итно хоспитализиран по немилиот инцидент.

Моментално е на интензивна нега на неврологија, каде му се прават дополнителни испитувања. Таму ќе продолжи да се следи неговата состојба, иако засега нема дополнителни информации.

Земан ја напушти Пескара во февруари поради проблеми со срцето, додека во октомври доживеа исхемичен напад. Тој е и вториот странски тренер во историјата на белградска Црвена Звезда, кој меѓу црвено-белите пристигна во 2008 година, но остана само пет натпревари. Во својата богата тренерска кариера беше и менаџер на Парма, Лацио, Рома, Каљари, Фенербахче и Наполи.

Се вчитува...