Саудијците најдоа човек за полуфинале на Мундијал – проект вреден 200 милиони евра

Саудиска Арабија како домаќин на Светското првенство во 2034 година ќе има загарантирано учество и сака што подобро да се подготви за настанот. Токму за тоа, нивна цел е еден од најпознатите спортски директори на денешницава, кој моментално работи во ПСЖ, Луис Кампос.

Саудијците се подготвени да испратат богата понуда за Кампос на кого договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната.

Веќе се остварени контакти, а желбата е Кампос да ја вивне во наредниот десетгодишен период нивната репрезентација која на СП 2034 би се борела и за пласман во полуфиналето.

Понудата до Кампос, наводно, е вредна 200 милиони евра за договор на десет години.

Се вчитува...