Мурињо жестоко казнет од Турската федерација, сега се чека и одлуката по тужбата на Галатасарај

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција жестоко го казни со четири натпревари суспензија тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, поради неговите изјави дека противничката клупа „скокала како мајмуни на секоја судиска одлука“ што во турската јавност беа разбрани како расистички.

Па, Фенербахче ќе биде без услугите на својот тренер на следните четири натпревари во првенството, против Анталија, Самсунспор, Бодрумспор и Трабзонспор.

Но, тоа што би можело да биде уште полошо за Фенербахче е тоа што доколку тужбата на Галатасарај помине, Мурињо би можел да се соочи со суспензија од шест месеци.

Интересно, Мурињо во целата ситуација доби поддршка од двајца негови поранешни играчи – Дидие Дрогба и Михаел Есиен. А, како што е познато, Дрогба, пак, мина дел од кариерата токму во Галатасарај.

Се вчитува...