Во првите два натпревари во ракометната Лига на шампионите, Колштад го совлада тимот на Магдебург со 31-27, а Пик Сегед беше пред триумф над Барселона, но на крајот шпанскиот тим стигна до бод и до нерешен резултат 29-29.
Во норвешка, Колштад и Магдебург играа прво полувреме во кое имаше „вртелешка“ на резултатот. Двата тима се менуваа во водството, за на полувреме домашните да стигнат до еден гол предност.
Во вториот дел норвешкиот тим додаде гас, и стигна во еден миг и до предност од пет гола, по кои немаше повеќе можност за враќање на гостите од Германија.
Јепсон кај домашните беше најефикасен со 11 голови, додека Муше кај гостите постигна осум.
Пик Сегед на полувреме против Барселона имаше три гола предност, но ги „прокоцка“ во вториот дел, па дури во еден миг и гостите имаа предност. Сепак, во финишот Унгарците имаа водство од 29-27, но потоа не реализираа неколку напади, за сето тоа Барселона да го казни и да стигне до нерешено.
Карлсбогард, Гомез и Фраде постигнаа по пег гола кај Барселона, додека Шоштариќ кај Пик Сегед беше најефикасен со седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
