Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Матијс де Лихт, рече дека не очекувал дека „Црвените ѓаволи“ ќе бидат во долната половина на табелата во Премиерлигата, кога го правел трансферот од Баерн Минхен во Премиерлигата, но дека и натаму тимот има шанси да освои трофеј – оној во ФА Купот.
Де Лихт рече дека досега во кариерата не играл за тимови кои се наоѓаат толку ниско на табелата, и дека не може и натаму да се навикне.
„Играме неколку важни натпреварувања. Покрај Премиерлигата, тука е и ФА Купот, како и Лигата на Европа. Јунајтед е голем клуб, и тоа го знам. Но, јас да бидам искрен, не сум навикнат да играм за тим кој е 14-ти на табелата. Но, исто така можам многу да научам од тоа. Победата над Ипсвич беше навистина важна и се надевам дека може да донесе голема самодоверба кај играчите да бидат уште подобри“, изјави Де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

