Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти увери дека неговиот тим ќе се справи со последните проблеми што го снајдоа. Со повреда се здоби и Дани Себаљос кој штотуку почна да игра почесто. Тимот бележи добри резултати, но сега им претстои гостување кај Бетис во сабота, а потоа следува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во вторник.
Казната на Џуд Белингем , чудниот пресврт на црвениот картон на Ентони и навредливите скандирања против Раул Асенсио се само дел од жешките теми околу тимот во последно време.
„Асенсио беше погоде од она што се случуваше против Реал Сосиедад. Бевме сведоци на нешто што не требаше да се случи“, рече Анчелоти.
Тој додаде дека Мбапе е подготен да игра.
„Добар е, подогтвен да игра и мислам дека ќе стартува“, рече Анчелоти и додаде:
„Имаме проблеми со составот. Жал ми е што му се случува ова на Себаљос, но како и до сега, ќе се справиме и со оваа ситуација“, изјави Анлелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

