Аморим го реши проблемот: Гарначо ќе плати вечера за цела екипа на Манчестер Јунајтед

Рубен Аморим се соочи со нови проблеми во Манчестер јунајтед во победата на неговиот тим над Ипсвич од 3-2. Поради црвениот картон на Доргу, Аморим мораше да менува на полувреме, а од игра го извади Алехандро Гарначо.

Младиот Аргентинец видно разочаран со голема лутина изреагира кон својот тренер по напуштањето на теренот. Сепак, Рубен Аморим вели дека несогласувањата се разрешени. Гарначо ја признал грешката, па ќе плати вечера за целиот тим.

Се вчитува...