Босанскиот тренер кој направи сензација ќе добие посебен подарок од Гвардиола

Фудбалерите на англискиот второлигаш Плимут приредија сензација во ФА Купот елиминирајќи го фаворитот Ливерпул, а сега во осминафиналето ги очекува уште еден претежок предизвик наречен Манчестер Сити.

Пред дуелот тренерот на Плимут, Босанецот Мирон Муслиќ имаше пофални зборови за Гвардиола нарекувајќи го гигант, еден од најуспешните тренери во историјата покажувајќи голема чест со тоа што ќе го има како ривал на теренот.

„Тој е гигант во нашиот спорт, гигант како тренер. Тој е еден од најуспешните тренери во историјата на спортот и фудбалот. Средбата со него ќе ми бие најголем чест во животот, во мојата тренерска кариерата, така да многу се радувам што ќе се ракувам со него и ќе му кажам каков великан е, голем идол на секој тренер во светот“, изјави Мускиќ.

Зборовите на босанскиот тренер допреа и до Гвардиола кој му вети посебен подарок.

„Имам неверојатно шише вино за него по овие зборови. Го ценам тоа. Му благодарам. Чест ми е што утре ќе го запознаам“, порача Гвардиола.

Се вчитува...