Фудбалерите на Манчестер Сити со почеток од 18.45 часот ќе одиграат натпревар од ФА Купот против Плимут, а во пресрет на тој натпревар од стадионот „Етихад“ пристигнуваат добри вести за навивачите на англискиот шампион.
Имено, како што пренесуваат медиумите на островот, шпанскиот репрезентативец Родри започнал со индивидуални тренинзи по операцијата на предните вкрстени лигаменти и не е невозможно да му се оствари желбата да се врати на терените пред крајот на актуелната сезона.
За потсетување, освојувачот на „Златната топка“ се повреди во 5. коло од Премиерлигата, беше опериран на 27. септември, а првите прогнози беа дека оваа сезона за него е завршена, но Шпанецот има силна волја да се врати на терените уште порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

