Бетис го нокаутираше Реал Мадрид

Реал Мадрид претрпе уште еден пораз во Ла Лига, губејќи значајни бодови во трката за титулата откако „кралевите“ вечерва загубија во Севилја од тимот на Бетис со 2-1.

Брахим Дијаз донесе водство на шпанскиот првак, кој имаше контрола во првите триесетина минути и се чинеше дека рутински ќе стигне до триумф, но ситуацијата се промени откако Кардозо одлично се снајде и донесе израмнување на 1-1.

Фудбалерите на Бетис добија на самодоверба и почнаа да доминираат, „кралевите“ како да загубија здив, што резултираше со целосен пресврт откако Иско од пенал донесе водство на домаќините. Фудбалерите на Реал делуваа немоќно, Анчелоти дури и го повлече Мбапе од игра заменувајќи го со Ендрик, но гостите од Мадрид не успеаја да стигнат до израмнување и го претрпеа четвртиот пораз оваа сезона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...