Де Брујне сепак ќе остане во Манчестер сити

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне, сепак би можел да остане на „Етихад“, иако неговиот договор со „граѓаните“ истекува на лето, дознава британски Мирор.

Улогата на Белгиецот во изминатите неколку месеци беше значително помала од претходно, иако тој обично се уште е „човекот за најголемите натпревари“, кога е доволно фит за нив.

Фудбалерот од средниот ред се справува со повреди во доцните фази од кариерата, поради што неговата минутажа е намалена дури и кога е во конкуренција. Сепак, тој и покрај намалената минутажа сака да остане и да игра во Европа.

Откако пристигна во Сити во 2015 година, тој одигра 410 натпревари, постигнувајќи 106 гола и додаде 174 асистенции.

Се вчитува...