Њукасл нокаутиран во „војната“ со Брајтон

Брајтон се приклучи на листата на четвртфиналисти во ФА Купот на Англија откако овој тим славеше во дуелот на премиерлигашите, на гостински терен против Њукасл со 1-2, и тоа по продолженија од два пати по 15 минути на „Сент Џејмс Парк“.

Резултатот го отвори Исак со прецизно изведен пенал во првото полувреме, а Брајтон израмни пред заминувањето на пауза преку Минтех. „Црно-белите“ постигнаа гол во судиското продолжениие преку Шер што беше поништен поради минимален офсајд, по што двете страни имаа свои шанси во продолженијата од два пати по 15 минути.

Дуелот го одбележа голема борбеност и два црвени картона, најпрвин Њукасл остана со играч помалку по исклучувањето на Гордон во 83. минута, а на самиот почеток од судиското продолжение силите беа израмнети откако црвен картон доби и Лампти од редовите на Брајтон.

Клучен момент се покажа 113. минута, кога Дени Велбек уште еднаш ги покажа своите квалитети кога беше најважно, мајсторски стрелајќи за 1-2 по додавање на Сони Марч.

Њукасл за две седмици го очекува финалето од лига-купот против Ливерпул, за кој Еди Хау нема да може да смета на Ентони Гордон по денешното исклучување на крилниот офанзивец.

Се вчитува...