Неверојатно, но вистинито: Кристијано не патува со Ал Наср за да не биде камшикуван?!

Кристијано Роналдо нема да настапи за Ал Наср на следниот меч од Лигата на Шампионите на Азија против Естегхал од Иран, а причината е неверојатна – Португалецот ќе мора да биде казнет со 99 камшици доколку повторно влезе на територијата на оваа азиска држава.

Неверојатната приказна почнува прд две години, кога Ал Наср се сретна со Персеполис во Техеран, а Кристијано беше забележан како ја бакнува во челото иранската уметничка со посебни потреби, Фасех Хамами Насрабади. Гестот на фудбалската суперѕвезда беше апсолутно човечки , но Иранцте се почувствуваа навредени од ваквиот однос, почнувајќи судски процес во негово отсуство, за на крајот Роналдо да биде казнет со 99 камшици, санкција што би му била изречена следниот пат кога ќе влезе во оваа држава.

Токму поради ова управата на Ал Наср барале следниот меч со Естегал да се игра на неутрален терен, а откако ваквото барање било одбиено, клубот од Саудиска Арабија решил да не се ризикува и Кристијано да остане дома за овој натпревар

Се вчитува...