Барселона експресно се врати на врвот на табелата од шпанската Ла Лига откако каталонскиот гигант попладнево лесно и убедливо триумфираше над Реал Сосиедад со 4-0. Избраниците на Ханси Флик одиграа рутински меч во кој задачата им беше значително олеснета откако гостите останаа со играч помалку во 17. минута, по исклучувањето на Елустондо по стартот на триесетина метри од својот гол над Дани Олмо.
Токму Олмо беше незапирлив за гостите во ова прво полувреме во кое шпанскиот репрезентативец асистираше при двата гола за Барса, првиот беше дебитантски за младиот Мартин, а вториот дело на Касадо.
Барселона продолжи со доминацијата, до крајот успевајќи да постигне уште два погодоци, најпрвин преку Араухо пред Левандовски да стави печат на оваа победа на каталонскиот гигант.А
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

