Барселона се искачи на врвот на табелата во Ла Лига откако во 26. коло славеше со убедливи 4-0 во дербито со Реал Сосиедад, забележувајќи го 15-иот триумф во низа во сите конкуренции.
Тренерот Ханси Флик беше задоволен од новиот одличен настап на своите избраници, потврдувајќи дека каталонците ќе се борат за сите трофеи до крајот на сезоната.
„Не сум изненаден од перформансите на тимот. По поразот од Атлетико Мадрид во декември, реков дека игравме добро. Така продолжи и на следните натпревари. Концентрирани сме, имаме добар посед на топката и цврсто се браниме.
Работите можат брзо да се променат, па затоа не треба да ја губиме концентрацијата. Остануваат уште многу натпревари во Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампионите, но ние целиме кон сите трофеи. За секој од нив ќе се бориме до крај“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

