Познати се номинациите за наградата „Лауреус“

Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти во претходната година.

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, светскиот рекорден во скок со стап Арманд Дуплантис, францускиот пливач Леон Маршан и светскиот шампион во Формула 1, Холанѓанецот, Макс Ферстапен се номинирани за наградата најдобар спортист.

Кандидати за престижната награда во женска конкуренција се: гимнастичарката Симоне Бајлс, фудбалерката Ајтана Бонмати, тенисерката Арина Сабаленка и атлетичарките Сифан Хасан, Фејт Кипјегон и Сидни Меклафлин.

Се вчитува...