Селекторот на Бразил , Доривал Јуниор го објави конечниот список од 23 играчи на кои ќе се потпре за претстојните натпревари против Колумбија (дома на 21 март) и Аргентина (гости на 26 март) во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Најголемата вест за составот е секако враќањето на рекордниот стрелец на Бразил, Нејмар. Ова е прва повик за ѕвездата на Сантос од октомври 2023 година, бидејќи ги скина вкрстените лигаменти за време на натпреварот против Уругвај. По долго опоравување од повредата, левото крило годинава се врати во својот матичен клуб и досега на 7 натпревари има 3 гола и 3 асистенции.
На овој начин, 33-годишниот играч ќе може да се соочи против својот поранешен соиграч од Барселона и Пари Сен Жермен, Лионел Меси.
Во националниот тим на Бразил се враќа и голманот Алисон, потоа играчот од средниот ред на Њукасл, Жеелитон, Родриго од Реал Мадрид, Куња од Вулвехемптон и Педро од Брајтон. Има и еден дебитант во иметот на десниот бек на Фламенго, Весли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

