Покрај обвиненијата за силување, Дани Алвеш се соочува со нов проблем. Неговиот поранешен клуб Пумас поднесе барање до ЦАС поради прекршување на договорот од страна на дефанзивецот.
Рочиштето е закажано за 25. март и ќе се одржи зад затворени врати.
Мексиканскиот тим му го раскина договорот на Бразилецот во 2023 година, откако беше уапсен под обвинение за силување. Две години подоцна Пумас бара надомест на штета.
Алвеш одигра 13 меча во шампионатот на Мексико, и запиша пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

