Алваро Негредо стави крај на кариерата

Поранешниот шпански репрезентативец Алваро Негредо стави крај на играчката кариера. Поранешниот напаѓач на Севиља, Манчестер Сити, Валенсија, Бешикташ и Мидлзбро, нема клуб од крајот на минатата сезона кога му помогна на Ваљадолид да се пласира во Ла Лига.

Негредо ја освои Премиерлигата и Лига Купот со Сити во сезоната 2013/14 пред да замине на позајмица во Валенсија. Напаѓачот исто така беше дел од шпанската селекција кој го освои ЕВРО 2012 година.

Негредо во својата кариера постигна 290 голови во 755 натпревари. За Шпанија одигра 21 меч и постигна 10 голови.

Се вчитува...