Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека планира да го посети Енфилд и да учествува во шампионската парада на Ливерпул доколку тимот на Арне Слот ја освои титулата во Премиер лигата, што во оваа фаза изгледа речиси сигурно.
Германецот признава дека нема да биде присутен на стадионот додека тимот математички не го обезбеди првото место. Последниот натпревар на Ливерпул оваа сезона е против Кристал Палас, па најверојатно тогаш Клоп ќе биде на „Енфилд“.
„Мислам дека ќе бидам таму за последниот натпревар“. Искрено, не сакам да одам рано за да не уништам се. Замислете мојот прв пат на стадион и тие губат… Затоа ќе одам кога ќе се реши се. Планот е да бидам на парадата, но не во автобус, туку таму каде што се луѓето што ги видов кога бевме во автобусот. Тоа е моја идеја, но ќе видиме“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

