Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски со сребрени медали на Специјалната олимпијада во Торино

Голем успех на македонските нордијски скијачи, Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски од Специјална олимпијада Македонија кои освоија сребрени медали на Зимските олимписки игри во Торино.

И двајцата освојува сребо во дисциплината крос кантри – 50 метри, класична техника.

Претходно имаа успешни настапи во квалификациите, а денеска во финалните натпревари ги освоија вторите места во своите групи и се искачија на победничкиот пиедестал.

Околу 1.500 спортисти од повеќе од 100 земји се натпреваруваат во осум спортови на Зимски олимписки игри во Торино.

Се вчитува...