Се уште не стивнуваат страстите по контроверзниот пенал кој го изведе Хулијан Алварез на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Неговиот пенал беше поништен поради судиската проценка за двоен контакт со топката во ВАР просторијата.
За првпат по дуелот беше сослушан и главниот судија на натпреварот Симон Марчинак, кој е обвинет дека одлуката ја донел како резултат на приговорот на Килијан Мбапе.
„Тоа воопшто не е точно. Не е точно тоа што се пишува. Јас бев тој што ги информираше судиите на ВАР дека има 99% шанси Алварез да има двоен допир со топката и тие го прегледаа. Морам да бидам искрен, никогаш не сум се соочил со ваква ситуација во мојата судиска кариера, но играчите ги знаат правилата“ – изјави Марчињак.
УЕФА во своето соопштение застана на страна на судијата и ја поддржа неговата одлука.
Беше објавено и видео на кое се гледа дека стапалото на Алварез допирало со топката.
UEFA have provided footage showing Julian Alvarez making “minimal” contact with the ball during his penalty against Real Madrid.
(via @UEFA) pic.twitter.com/FxH6MBzA8L
— ESPN FC (@ESPNFC) March 13, 2025
„Играчот имаше контакт со топката со нога пред ударот, како што е прикажано на приложеното видео. Според сегашното правило (Закони на играта, Закон 14.1) ВАР мораше да го повика судијата за да укаже дека голот треба да биде поништен“ – се вели во соопштението на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА