Медведев лудо го прослави пласманот во полуфинале: Не можев да се контролирам (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето од Индијан Велс совладувајќи го светскиот рекет број 21, Артур Филс со 2-1 во сетови 6-4, 2-6, 7-6 (9).

Триумфот над Французинот го прослави со скокање од среќа, урлање и мафтање со рекетот па стана хит на социјалните мрежи. Бурната прослава подоцна и ја објасни.

„Загубив три во низа неизвесни мечеви оваа година, а во две од нив бев многу блиску до победа. Кога ќе загубиш такви мечеви ја губиш и самодовербата. Не можев да се контролирам“, откри Медведев.

Се вчитува...