Словенечката ски-скокачка Ника Превц, постави нов светски рекорд во женски ски-скокови, со лет од неверојатни 236 метри.
Сонот на 20-годишната Превц прво беше да прелета над 200 метри, што го оствари на првиот тренинг, кога скокна 236 метри на скокалницата во Викерсунд, што е нов рекорд.
Светскиот рекорд досега беше поставен од Сиље Опсет од Норвешка на истата скокалница со 230,5 метри.
„Бев малку нервозна на почетокот, не знаев како да се справам со притисокот, но си реков дека ќе го направам тоа како што чувствувам. Знам дека можам добро да скокам. Само се пуштив и отидов. Кога бев многу високо, видов дека тоа е можно”, рече Превц.
Nika Prevc
pic.twitter.com/meONyn7wjn
— Stian André Skinnes (@SASkinnes) March 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА