Оваа година „Скопје Опен“ прераснува во најголемиот спортски настан во државата. Повеќе од 1000 натпреварувачи од над 50 држави од цел свет, доаѓаат во Скопје на „СКОПНЕ ОПЕН Рамус Г1“ кој ќе биде центарот на олимпискиот спорт – таквондо.
Скопје Опен е во организација на Македонската Таеквондо Федерација, Таеквондо Клуб Бутел, Таеквондо Клуб Рамус-Софија, а генерален покровител на овој спортски спектакл е Министерството за спорт.
„Скопје Опен е Г1 турнир, меѓународен турнир кој е дел од официјалниот календар на свестката таеквондо асоцијација. Турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма. Турнирот ќе се одржи на 29 и 30 Март, 2025 година во големата сала на СРЦ Јане Сандански. Борбите започнуваат од 09 часот. Да ги бодриме нашите репрезентативци на чело со сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски“ – информираат организаторите на настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

„Скопје Опен е Г1 турнир, меѓународен турнир кој е дел од официјалниот календар на свестката таеквондо асоцијација. Турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма. Турнирот ќе се одржи на 29 и 30 Март, 2025 година во големата сала на СРЦ Јане Сандански. Борбите започнуваат од 09 часот. Да ги бодриме нашите репрезентативци на чело со сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски“