Бојан Миовски неутешен: „Почивај во мир брат мој…“

Македонија ги живее едни од најтраорните мигови во својата понова историја по ужасната трагедија во Кочани во која животот го загубија 59 млади лица.

Меѓу, за жал, и фудбалерот на Шкупи, 25-годишниот Андреј Лазаров кој не успеа да се избори за својот живот во миговите кога херојски спасувал бројни млади лица во дискотеката во Кочани, притоа не мислејќи на својот живот.

Од Лазаров се прости и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој е неутешен во својата болка по својот близок пријател со кого минуваа и заеднички фудбалски мигови.

„Почивај во мир, брат мој“, објави Миовски на социјалните мрежи.

25-годишниот Андреј, кој е од Кочани, во Шкупи дојде пред шест месеци откако претходно настапуваше за хрватските прволигаши Горица и Рудеш. Во младинските фудбалски денови настапуваше за Металург, а во домашното првенство има настапи и за Тиквеш и Работнички.

Неговиот последен фудбалски натпревар беше вчера на дуелот на Шкупи против Пелистер во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига кога ги одигра своите последни 30 минути на фудбалските терени.

Се вчитува...