Барди стрелец на мајсторски гол во победата на Бодрумспор (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е најзаслужен за победата на Бодрумспор на гостувањето против Ризеспор од 0-2 во 27. коло во турскиот шампионат.

Барди , кој го одигра целиот натпревар за гостите, се до 95. минута, беше стрелец на вториот гол за Бодрумспор.

Енис Барди стрелаше во 62. минута поставувајќи го конечниот резултат на натпреварот.

Се вчитува...