Болоња го понижи Лацио

Фудбалерите на Болоња и оваа сезона играат во одлична форма, откако „болоњезите“ со денешниот триумф од 5-0 над Лацио се вратија во Топ 4 на калчолигашката табела.

„Лацијалите“ влегоа во овој дуел со серија од пет меча без пораз, но преморени од згуснатиот распоред од европската авантура немаа сили посериозно да му се спротивстават на мотивираниот домаќин.

Одгард со прекрасен погодок го донесе домашниот тим во водство од 1-0 во 16. минута, а победникот беше практично решен на самиот старт од вториот дел, кога најпрвин Орсолини во 48. минута зголеми на 2-0, пред Ндоје една минута подоцна да го постигне третиот гол за римјаните.

Четвртиот гол за Болоња беше дело на Кастро во 75. минута, а конечните 5-0 во 84. минута ги постави Фабијан.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...