Кристијан Трапановски беше стрелец за Данди Јунајтед на градското дерби со Данди, по што македонскиот интернационалец емотивно го прослави погодокот, посветувајќи го на жртвите во големата трагедија во Кочани.
Тој стрелаше прецизно во долниот агол од противничкиот гол, по што емотивно падна на колена, погледнувајќи кон небото и говорејќи молитва за жртвите во неверојатната трагедија што денеска ја потресе нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА